ПРВ.мк
Македонија

Љупчо Палевски-Палчо бара да го ослободат - еве каков исказ дал!

Љупчо Палевски-Палчо бара да го ослободат - еве каков исказ дал!
Kristal

Љупчо Палевски – Палчо, осуден на доживотна казна затвор за грабнување и две свирепи убиства, преку својот адвокат поднесе жалба до Апелациониот суд во Скопје со која бара да биде ослободен од вина или предметот да се врати на повторно судење.

Адвокатот Јовица Страшевски во изјава  истакна дека во првостепената постапка биле сторени сериозни процесни пропусти. „Имаме најдено доста суштествени повреди во постапката. Дел од доказите воопшто не се изведени на суд, а се наведени во пресудата. Има случаи каде што доказ се побива со исказ на обвинет, а исказ на обвинет не може да биде доказ. Побаравме јавна седница, каде што дополнително ќе ги образложиме наодите“, рече Страшевски.

Одбраната тврди дека доказите во пресудата претставуваат „расказ“, со значајни несогласувања, особено во делот на временските рамки, што ќе биде дополнително разгледано на јавната седница пред Апелациониот суд.

Судија-известител за предметот е Ѓоко Ристов, а предметот веќе е доставен до Вишо јавно обвинителство Скопје.

Во првостепената пресуда, судијата Ивица Стефановски на Палевски и на останатите обвинети – Велибор Манев, Боре Видевски и Влатко Кешишев – им изрече по 10 години затвор за грабнување и доживотна казна за двете свирепи убиства. Таткото на Вања Ѓорчевска, Александар Ѓорчевски, беше ослободен од обвинението, но Јавното обвинителство поднесе жалба на таа одлука.

Апелациониот суд во Скопје во наредниот период ќе закаже јавна седница, по која ќе одлучи дали ќе ја потврди првостепената пресуда, ќе наложи повторно судење или ќе донесе друга одлука.

FixCredit
Escape

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape