ПРВ.мк
Македонија

Апелацискиот суд ги зголеми казните за осудените за пожарот во модуларната болница во Тетово - ова е новата пресуда!

Апелацискиот суд ги зголеми казните за осудените за пожарот во модуларната болница во Тетово - ова е новата пресуда!
Kristal

Апелацискиот суд во Гостивар ја преиначи пресудата за пожарот во модуларната болница во Тетово, па сега обвинетите Фљорин Бесими и Артан Етеми од Тетово ќе одлежат по три години затвор, наместо по 1,5 година како што пресуди првостепениот суд.

Исто така, зголемена е и паричната казна за правното лице – ЈЗУ Клиничка болница Тетово, кое ќе треба да плати отштета од 1.300.000 денари.

Советот на Апелацискиот суд ја одби жалбата на обвинетите како неоснована, а ги прифати жалбите на Основното јавно обвинителство Тетово и на оштетените. Во решението се наведува дека казната за обвинетите одговара на тежината на делото и последиците од него.

Во пожарот кој се случи на 8 септември 2021 година животот го загубија 12 пациенти заболени од Ковид-19, како и двајца роднини кои тогаш биле во посета. Судот ги прогласи обвинетите за виновни за кривично дело „Тешки дела против општата сигурност“.

FixCredit
Escape

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape