ПРВ.мк
Македонија

Љамалари доби затворска казна за нападот врз градоначалничката Арсовска - еве колкава е казната

Љамалари доби затворска казна за нападот врз градоначалничката Арсовска - еве колкава е казната

Основниот кривичен суд во Скопје донесе пресуда со која Сулејман Љамалари е прогласен за виновен за кривично дело насилство и е осуден на две години затвор.

Судијката образложи дека обвинителството успеало да докаже надвор од разумно сомневање дека делото е сторено. Таа посочи дека нападот бил извршен врз функционер за време на вршење на службените обврски, во присуство на повеќе службеници на Град Скопје, што претставува директен удар врз институцијата.

Во образложението дополнително беше наведено дека обвинетиот употребил физичка надмоќ врз градоначалничката Данела Арсовска, имајќи предвид дека таа е жена, а тој како маж бил посилен, што го прави делото уште потешко недозволиво.

Пресудата е првостепена и странките имаат право на жалба.

Escape