Сериозен инцидент со малолетници се случил во Скопје, откако 16-годишно момче било нападнато и повредено пред угостителски објект на подрачјето на Чаир.
Според информациите од полицијата, на 15 март 2026 година во 02:42 часот во СВР Скопје, 56-годишниот Р.С. од Скопје пријавил дека неговиот малолетен син бил физички нападнат претходниот ден.
Настанот се случил на 14 март, кога пред угостителски објект во Чаир момчето било нападнато од друго малолетно лице кое му било познато. Според пријавата, напаѓачот употребил остар и тврд предмет и му нанел повреди на 16-годишникот.
Надлежните институции информираат дека полицијата презема мерки и активности со цел целосно расчистување на случајот и утврдување на сите околности поврзани со инцидентот.

















