ПРВ.мк
Македонија

КАВАДАРЦИ ДОБИВА СОВРЕМЕН КАРТИНГ ЦЕНТАР: Интензивно се работи на новата атракција вредна над 35 милиони денари!

КАВАДАРЦИ ДОБИВА СОВРЕМЕН КАРТИНГ ЦЕНТАР: Интензивно се работи на новата атракција вредна над 35 милиони денари!

Градежните активности за изградба на новиот Картинг центар во Кавадарци се одвиваат со засилено темпо и согласно предвидената динамика. Овој капитален проект, вреден 35.247.407 денари, треба значително да ја збогати спортско-рекреативната и туристичката понуда на градот.

Проектот се простира на вкупна површина од 2.700 квадратни метри, каде што се гради современа картинг патека комплетирана со сите потребни придружни објекти по највисоки стандарди.

Извршено е тампонирањето, следи поставување на осветлувањето

На теренот веќе е успешно завршена фазата на тампонирање, со што просторот постепено го добива својот конечен изглед. Според планот, во следната фаза од градежните работи е предвидено поставување на комплетното осветлување на картинг центарот, што ќе овозможи негово користење и во вечерните часови.

Нов магнет за сите генерации и развој на туризмот

Новиот Картинг центар ќе претставува модерна атракција која ќе ги отвори вратите за сите љубители на брзината, адреналинот и забавата. Покрај тоа што ќе им понуди на жителите на Кавадарци ново место за спорт и рекреација, центарот се очекува да привлече и голем број посетители од сите краеви на земјата.

Со оваа инвестиција, Кавадарци уште еднаш потврдува дека продолжува интензивно да се развива преку вложување во современа инфраструктура и содржини прилагодени за сите генерации.

Најнови вести