ПРВ.мк
Црна Хроника

АКЦИЈА НА ПОЛИЦИЈАТА: Уапсен 36-годишник осомничен за разбојништво во обложувалница, фатен пред зори!

АКЦИЈА НА ПОЛИЦИЈАТА: Уапсен 36-годишник осомничен за разбојништво во обложувалница, фатен пред зори!

Триесет и шестгодишен жител на селото Неготино, во гостиварскиот регион, е осомничен дека со закана кон вработен одзел пари од касата во спортска обложувалница. Тој бил лишен од слобода рано утрото на 19 октомври, на паркинг кај бензинска пумпа покрај патот Тетово–Гостивар.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи (МВР), разбојништвото се случило на 18 октомври, околу 19:15 часот, во обложувалница во селото Неготино.

Во полицискиот билтен се наведува дека осомничениот со закана кон вработениот одзел пари од касата, по што полицијата презела мерки за негово пронаоѓање.

М.Б. бил лишен од слобода во 04:35 часот од полициски службеници на Полициското одделение Камењане. По апсењето, тој бил задржан во полициска станица.

„По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, информираат од МВР.

Сепак, станува збор за осомничено лице, кое се смета за невино сè додека вината не му биде утврдена со правосилна судска одлука.

Најнови вести