ПРВ.мк
Македонија

Кавадарци беше домаќин на над 1.100 ученици на Државниот натпревар на училишни хорови и оркестри

Кавадарци беше домаќин на над 1.100 ученици на Државниот натпревар на училишни хорови и оркестри

На 6 и 7 мај, Кавадарци беше центар на музичката уметност во Македонија, како домаќин на Државниот натпревар на училишни хорови и оркестри. На овој масовен настан учество зедоа 20 хорови, 21 оркестар и над 1.100 талентирани ученици од целата држава.

Особена гордост за градот е извонредниот успех на оркестарот при СОУ Гимназија „Добри Даскалов“. Под менторство на професорот Драган Вељковиќ, тие успеаја да освојат прво место со максимални 100 бодови, покажувајќи врвна изведба и професионализам.

Покрај Гимназијата, Кавадарци беше достојно претставен и преку настапите на хорот и оркестарот од ООУ „Димката Ангелов – Габерот“, хорот од ООУ „Гоце Делчев“, како и оркестарот од ООУ „Тошо Велков – Пепето“.

Овој настан уште еднаш потврди дека Кавадарци е град кој силно ги поддржува младите таленти, културата и музичкиот развој. Честитки до сите учесници, ментори и организатори кои придонесоа за успешната реализација на овој голем натпревар!