ПРВ.мк
Црна Хроника

Информации за инцидентот во училиштето во Скопје: Детето се бори за живот, а деталите од нападот ќе ве шокираaт

Информации за инцидентот во училиштето во Скопје: Детето се бори за живот, а деталите од нападот ќе ве шокираaт

Тешка драма се одвивала во основно училиште во скопската населба Ченто, каде малолетник бил брутално нападнат со остар предмет среде училишен ден. Повреденото дете, на возраст од 14 години, во критична состојба било пренесено на Клиничкиот центар, каде лекарите водат жестока битка за неговиот живот.

Според медицинските информации, ученикот пристигнал со сериозни повреди – убод во пределот на стомакот и расекотина на главата. По итните прегледи било утврдено дека има тешки внатрешни оштетувања, вклучително и повреда на црниот дроб и важни крвни садови. Веднаш бил подложен на операција и сместен на интензивна нега, каде и понатаму се наоѓа во животна опасност, иако моментално е стабилизиран.

Во меѓувреме, полицијата брзо реагирала и го привела напаѓачот – 15-годишник од Скопје. Според првичните информации, тој влегол во училиштето и го извршил нападот, по што бил лишен од слобода. Оружјето е пронајдено и одземено, а случајот е во фаза на целосно расчистување.

Дополнително вознемирува фактот што напаѓачот бил поранешен ученик во истото училиште, додека повреденото дете било деветто одделение. Надлежните најавуваат соодветни мерки по завршување на истрагата.

Овој настан повторно го отвора прашањето за безбедноста во училиштата, особено затоа што станува збор за трет ваков инцидент во последниот период.