ПРВ.мк
Македонија

Јаневска: За возачка дозвола доволно е основно образование – државата нуди бесплатни можности за сите!

Јаневска: За возачка дозвола доволно е основно образование – државата нуди бесплатни можности за сите!
Kristal

Министерката за образование и наука, Весна Јаневска, денеска изјави дека за полагање возачки испит е потребно минимално, односно завршено основно образование, потенцирајќи дека државата обезбедува бројни бесплатни можности кои граѓаните треба да ги искористат.

Изјавата на Јаневска доаѓа по неодамнешните протести на дел од граѓаните кои бараат да бидат ослободени од обврската за полагање возачки испит, повикувајќи се на неписменост.

Министерката порача дека институциите располагаат со сериозни механизми за подобрување на образовната состојба и дека Министерството за образование и наука активно работи на поголема вклученост на сите граѓани во образовниот процес, без разлика на возраста или социјалниот статус.

Таа истакна дека образованието е бесплатно и за лица кои ја надминале редовната училишна возраст. Преку Центарот за образование на возрасни, граѓаните можат да се вклучат во образовниот процес до 25, односно до 29 години, со што им се овозможува стекнување на основно образование и исполнување на условите за полагање возачки испит.

Дополнително, Јаневска информираше дека Министерството ангажира и финансиски поддржува околу 40 ромски медијатори, чија задача е да помогнат во зголемување на опфатот и редовното присуство на ромските деца во училиштата.

„Често се случува децата формално да бидат запишани, но да не ја посетуваат наставата и предвреме да го напуштат образовниот процес. Затоа улогата на медијаторите е исклучително важна за задржување на децата во училиштата и нивна целосна интеграција во образованието“, нагласи министерката.

Таа додаде дека образованието е клучно за личен и општествен напредок и дека државата ќе продолжи да вложува во мерки кои овозможуваат еднаков пристап до образование за сите граѓани.

FixCredit
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo