ПРВ.мк
Македонија

Ј.П. „Комуналец“ Кавадарци продолжува со засилено темпо на теренски активности и оваа недела

Ј.П. „Комуналец“ Кавадарци продолжува со засилено темпо на теренски активности и оваа недела

Јавното претпријатие во моментот спроведува активности на четири улици: „Бигла“, „Иво Лола Рибар“, „Диме Поцев“ и „7-ми Септември“.

Денес започна и реконструкција на дел од водоводната и канализациската мрежа на улица „7-ми Септември“, во должина од околу 50 метри, во близина на Полициската станица. Сите активности, од ископ до монтажа, се изведуваат со сопствени ресурси на Ј.П. „Комуналец“.

Од претпријатието порачуваат дека со континуирана работа ќе продолжат со подобрување на инфраструктурата и подигнување на квалитетот на живот за граѓаните.