ПРВ.мк
Македонија

Интензивни активности за уредување на патната инфраструктура во Кавадаречко: Се подобрува безбедноста кон селата!

Интензивни активности за уредување на патната инфраструктура во Кавадаречко: Се подобрува безбедноста кон селата!

На територијата на Кавадарци во тек се засилени активности за одржување на локалната патна инфраструктура, со фокус на подобрување на пристапот и безбедноста кон руралните населени места.

Во моментов се изведуваат работи на мулчирање на патните правци што водат кон селата Брушани, Ресава и Бегниште, како и на повеќе локални патишта низ поширокото подрачје.

Со овие активности се постигнува значително подобрување на прегледноста покрај патиштата, се намалува ризикот од несреќи и се олеснува пристапот до руралните средини, особено за жителите кои секојдневно ги користат овие правци.

Според најавите, работите нема да застанат тука, туку ќе продолжат и во наредните денови, со цел да бидат опфатени сите села во општината и да се обезбеди континуирано одржување на патната мрежа.

Од Општина Кавадарци порачуваат дека остануваат целосно посветени на создавање уредена, безбедна и функционална животна средина за сите граѓани, со посебен акцент на рамномерен развој и подобрување на условите во руралните делови.