ПРВ.мк
Македонија

Гужви на границите: Споени границите од огромни колони на коли

Гужви на границите: Споени границите од огромни колони на коли
Escape

Сообраќајот на државните патишта се одвива без пречки и по суви коловози, но поради зголемен интензитет надвор од градските средини, се бележат подолги задржувања на граничните премини.

Најголеми гужви има на ГП Богородица каде што времето на чекање за излез од државата достигнува 60 минути, додека за влез се чека околу 15 минути. На ГП Табановце се чека приближно 35 минути, а на ГП Дојран од 15 до 25 минути. На останатите гранични премини не се евидентирани значајни задржувања.

АМСМ апелира до возачите да ја приспособат брзината и строго да ја почитуваат сообраќајната сигнализација, особено при движење низ котлините, речните долини и клисурите, каде постои ризик од појава на одрони – посебно на делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Од 1 јули до 31 август, заради летниот режим, се забранува движење на тешки товарни возила над 15 тони за време на викендите и денови со екстремна горештина. Забраната важи:

  • петок: од 17:00 до 22:00 часот
  • сабота: од 09:00 до 18:00 часот
  • недела: од 09:00 до 22:00 часот

Во денови со високи температури, определени од Министерството за здравство, забраната важи и од понеделник до четврток, во период од 11:00 до 17:00 часот.

Исклучоци има за возила што превезуваат животни, цвеќе, леснорасиплива стока, нафта, опасни материи, хуманитарна помош и за компании што изведуваат проекти од државно значење.

Дополнително, на патот А2 (Скопје – Охрид – Скопје), до 1 септември, важи забрана за товарни возила над 7,5 тони за време на викендите во следните термини:

  • петок: од 15:00 до 22:00 часот
  • сабота: од 07:00 до 12:00 и од 18:00 до 24:00 часот
  • недела: од 07:00 до 22:00 часот.

Ask ChatGPT

Mia Home Mavrovo