ПРВ.мк
Македонија

ГРАНАТА ВО ПОДРУМ: Пронајдена минфорлачка граната од првата светска војна во Македонија!

ГРАНАТА ВО ПОДРУМ: Пронајдена минфорлачка граната од првата светска војна во Македонија!

Во подрум од куќа во Штип била откриена неексплодирана минофрлачка граната, информираат од МВР.

Според полицијата, на 27.04.2026 во 09:20 часот во СВР Штип, В.А. (43) пријавил дека во подрумскиот дел од неговиот дом пронашол неактивирана експлозивна направа.

На местото излегол пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување, кој безбедно ја подигнал гранатата и утврдил дека станува збор за неексплодирана минофрлачка граната калибар 82 милиметри, која потекнува од Првата светска војна.

Извршен бил увид, а надлежните служби презеле мерки за безбедно отстранување на опасната направа.