ПРВ.мк
Македонија

ГОЛЕМА ПРОМЕНА ЗА ВОЗАЧИТЕ: Со „Б“ категорија отсега ќе може да се возат и мотоцикли до 125 кубици – еве кои услови мора да ги исполните!

ГОЛЕМА ПРОМЕНА ЗА ВОЗАЧИТЕ: Со „Б“ категорија отсега ќе може да се возат и мотоцикли до 125 кубици – еве кои услови мора да ги исполните!

Од денеска стапија во сила измените на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, со кои граѓаните што поседуваат возачка дозвола од „Б“ категорија добиваат ново право – да управуваат и мотоцикли од категоријата „А1“ со автоматски менувач.

Според новите правила, возачите ќе можат да возат мотоцикли со зафатнина до 125 кубни сантиметри и сила на моторот до 11 KW, без да полагаат целосна „А“ категорија, но само доколку исполнуваат одредени услови.

Законските измени беа предложени од пратеничката група на Движење ЗНАМ, а беа изгласани во Собрание на Северна Македонија со широка поддршка од мнозинството.

Во меѓувреме, Министерство за внатрешни работи го подготви потребниот правилник, кој со денешното објавување во Службен весник официјално ги активира законските измени.

Според објаснувањето на пратеникот Павле Арсовски, право на управување со вакви мотоцикли ќе имаат лица кои:

– имаат наполнето најмалку 23 години – поседуваат важечка „Б“ категорија најмалку пет години – посетиле четиричасовна теоретска обука

Со измените, Македонија практично се приближува до европските практики, бидејќи слични правила веќе постојат во повеќе европски држави.

Според Арсовски, целта е да се поттикне користењето на помали и поекономични превозни средства, да се намали сообраќајниот метеж и да се подобри мобилноста во урбаните средини.

Тој посочи дека мотоциклите од „А1“ категоријата претставуваат практично решение за секојдневен градски превоз, бидејќи зафаќаат помал простор и на патиштата и при паркирање, а воедно се и поекономични за одржување.

Дополнително, беше нагласено дека ваквите возила имаат и помало влијание врз животната средина поради помалата емисија на издувни гасови.

Ваквата можност веќе постои во повеќе европски земји, меѓу кои Spain, Greece, France, Austria, Belgium и Slovenia, каде возачите со „Б“ категорија под одредени услови веќе можат да управуваат мотоцикли до 125 кубици.

Најнови вести