ПРВ.мк
Македонија

ФЗО и УЈП казнија 23 гинеколошки ординации: Еве кои услуги незаконски ги наплаќале што ги покрива Фондот!

ФЗО и УЈП казнија 23 гинеколошки ординации: Еве кои услуги незаконски ги наплаќале што ги покрива Фондот!
Kristal

По бројни претставки од пациентки, Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) и Управата за јавни приходи (УЈП) спроведоа заеднички контроли во 49 приватни гинеколошки ординации ширум државата. Како што соопшти директорот на ФЗО, Сашо Клековски, ова е прва ваква акција од 2012 година.

Контролите открија дека речиси половина од проверените ординации работеле спротивно на правилата. Вкупно 23 ординации добија санкции — дел поради наплата на услуги кои треба да бидат бесплатни за здравствено осигурените лица, а дел поради неуредно водење евиденција.

Најсериозната неправилност е наплаќањето услуги што се покриваат со договорот на ФЗО и не смеат да се фактурираат на пациенти, како што се цитолошки и микробиолошки брисеви, ПАП тест, ЕХО и колпоскопија. Ваква пракса била констатирана во осум ординации, а кај пет биле утврдени пропусти во документацијата.

Паралелно, УЈП утврдила дека 20 приватни гинеколошки установи не издавале фискални сметки. Директорката Елена Петрова апелираше до пациентките секогаш да бараат фискална сметка за извршената услуга.

За сите утврдени неправилности се изречени глоби и мерки. Контролите се спроведени во Скопје, Битола, Прилеп, Тетово, Штип и Струмица, а целта е пациентките да добиваат услуги согласно законот и договорите со Фондот.

FixCredit
Escape