Во полуотвореното одделение на КПД Идризово се одржа необичен музички настан на кој настапи најпознатиот балкански хип-хоп артист Тони Зен.
Настанот беше организиран во вторникот, а од Управата за извршување на санкции информираа дека покрај Тони Зен, настапуваа и осудени лица кои издржуваат казна затвор во оваа установа.
Настанот имаше цел да ги вклучи затворениците во културни активности и да им понуди можност за позитивно искуство во рамките на казната.