ПРВ.мк

Филипче: СДСМ е мултиетничка партија и никој нема право да нè обвинува за националистички политики

Филипче: СДСМ е мултиетничка партија и никој нема право да нè обвинува за националистички политики
Jumbo Banner

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче уште еднаш демантираше дека лидерската средба со премиерот Христијан Мицкоски имала „моноетничка димензија“. Вели дека ја повикал средбата за сите претседатели на партии и еден од политичарите од албанскиот блок рекол дека „тоа би било губење на време“.

-Иницијативата произлезе од трагедијата во Кочани и видовме дека има битни прашања за развој во државата и дека сите субјекти мораме да соработуваме без разлика на нашата позадина и политики. Уште една важна работа е дека ние се состанавме како лидери на двете најголеми партии во македонскиот блок. Треба да продолжиме во насока на организација на средба на лидерите на сите партии. Ова е уште еден мој повик до сите партии од сите блокови. Во Извршниот одбор на СДСМ има Албанец, има Македонка-муслиманка, а во следниот период во ЦО на партијата ќе има и Ромка. Ние сме мултиетничка партија и никој нема право нас да не обвинува за некакви етнички или националистички политики или пристап, рече Филипче при посетата на работни активности во општина Струмица.

Претседателот на СДСМ додаде дека ќе почне изработката на начинот за реформската агенда со сите партии заедно, по примерот на развиените западни демократии.

-Ние сме мала земја и мораме да се обединиме за најважните прашања, додаде Филипче.

ELS
Agria
Stenton
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран