Што ќе донесат новите царини за Америка?
Американскиот министер за финансии, Скот Бесент, најави дека САД би можеле годишно да остваруваат приход од 300 до 600 милијарди долари благодарение на новите царини што администрацијата на Доналд Трамп ги воведе на производи од повеќе од 60 земји. Овие царини се дел од поширока стратегија на САД за подобрување на трговскиот биланс и поттикнување на домашното производство, а истовремено носат значајни последици за глобалната економија.
Бесент во интервју за емисијата на Такер Карлсон објасни дека САД на почетокот ќе остваруваат значителен приход од царините, а како што ќе расте домашното производство, приходот ќе се зголемува и преку данокот на доход од новите работни места.
– На почетокот ќе имаме значителен приход од тарифите. Потоа ќе расте и приходот од фабриките, од данокот на доход од сите нови работни места. Така што ќе заработуваме и на домашниот пазар, додека царините постепено ќе паѓаат – изјави Бесент.