ПРВ.мк

Прескокнувањето на овие оброци може да резултира со зголемен ризик од срцев удар

Прескокнувањето на овие оброци може да резултира со зголемен ризик од срцев удар

Прескокнување на појадокот и вечерата може да има сериозни последици по здравјето на срцето, предупредува докторката Нина Чандрасекаран, специјалист за белодробни болести и интензивна медицина.

Според нејзиното објаснување, прескокнувањето на овие два клучни оброци е поврзано со зголемен ризик од срцеви заболувања и срцев удар, а долгорочно може да доведе и до развој на дебелина.

“Самото прескокнување на појадокот е поврзано со дебелина, висок крвен притисок, намалена чувствителност на инсулин, па дури и некои форми на губење на слухот”, објасни докторката. Таа додаде дека наутро, кога нивото на адреналинот е природно повисоко, телото недостигот на храна го доживува како закана, што може дополнително да предизвика стрес реакција во организмот.

“Тогаш телото почнува да лачи зголемени количини адреналин и други хормони на стрес кои ја забрзуваат работата на срцето, го зголемуваат оксидативно оштетување на клетките и со тек на време можат да доведат до вкочанетост на артериите”, предупредува докторката.

Vero

Помалку храна во текот на денот, поголем апетит навечер

Освен што директно влијае на срцето, прескокнувањето на оброците во текот на денот често доведува до поголемо чувство на глад навечер, што може да доведе до прејадување.

“Ова со тек на време може да придонесе за развој на дебелина, која е исто така главен фактор за ризик од кардиоваскуларни болести”, истакна докторката.

Научна потврда: Поголема смртност за оние кои не појадуваат

Едно истражување дополнително ги потврди овие тврдења. Истражувачите ја анализирале поврзаноста помеѓу прескокнувањето на појадокот и ризикот од кардиоваскуларни болести и вкупната смртност. Резултатите покажале дека луѓето кои редовно го прескокнуваат појадокот имаат 21% поголема веројатност да доживеат срцев удар или да умрат од него, а 32% поголема веројатност да умрат од сите причини во споредба со оние кои редовно појадуваат.

“Иако резултатите можат да се разликуваат од истражување до истражување, заедничкиот заклучок е дека редовното прескокнување на појадокот може да го зголеми ризикот од сериозни здравствени проблеми”, се наведува во анализата.

Agria