ПРВ.мк

Почина уште еден пациент повреден од пожарот во Кочани

Почина уште еден пациент повреден од пожарот во Кочани

Денеска претпладне подлегна на повредите Стојанче Стефанов од Кочани кој се лекуваше во Белград по пожарот во дискотеката „Пулс“, потврди министерот за здравство Арбен Таравари за ТВ21.

Пациентот е роден 2001 година.

Станува збор за пациент, кој од првиот ден, согласно извршената првична тријажа од медицинските тимови е веднаш упатен на лекување во Воено Медицинската Академија во Белград и кој беше интубиран и во критична состојба во изминатиот месец.

Станува збор за пациент со 27 отсто зафатеност со изгореници и сериозни повреди од вдишување на чад. 

Vero

Во ВМА е опериран на 4 април и поставен на ЕКМО апарат, преку кој се оксигенира крвта преку машина, заради вдишаниот чад. Но, заради сериозноста на повредите, тој поголем дел од хоспитализацијата бил нестабилен и во тешка општа состојба.

Министерството за здравство изразува најдлабоко сочувство до фамилијата и до сите засегнати од трагедијата во Кочани.

Извор: ТВ21

Agria