Првиот заменик на претседателот на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, соопшти дека оваа година општините ќе добијат финансиска поддршка во вредност од 229 милиони денари за конкретни проекти во областа на животната средина.

„Општините се нашите најважни партнери на терен, тие најдобро ја познаваат реалноста и еколошките предизвици на локално ниво“, изјави Меџити, додавајќи дека средствата ќе се користат за инвестиции во водовод, канализација, управување со отпад и едукација на граѓаните.

На работна средба со раководството на ЗЕЛС, Меџити го претстави Конкурсот за финансирање на еколошки проекти за 2025 година и ги охрабри општините да аплицираат за да станат двигатели на позитивни промени во своите заедници.
„Време е за акција!“, потенцираше тој.