ПРВ.мк

ЕДНО ЛИЦЕ ОД ОБЕЗБЕДУВАЊЕТО И ДВЕ ЛИЦА ОД ПАЗАРЕН ИНСПЕКТОРАТ ВО ДОМАШЕН ПРИТВОР: Обвинителство за останатите бара продолжување на мерките

ЕДНО ЛИЦЕ ОД ОБЕЗБЕДУВАЊЕТО И ДВЕ ЛИЦА ОД ПАЗАРЕН ИНСПЕКТОРАТ ВО ДОМАШЕН ПРИТВОР: Обвинителство за останатите бара продолжување на мерките

Двајца вработени во Државниот пазарен инспекторат и едно лице вработено како обезбедување на дискотеката „Пулс“ во Кочани ќе добијат мерка куќен притвор наместо досегашната мерка притвот. 

Ова го предлага Основното јавно обвинителство Кочани од каде појаснуваат дека во текот на денешниот ден до Основниот суд Кочани доставени се предлози за продолжување на мерките за обезбедување – притвор и куќен притвор за сите осомничени во истрагата за пожарот во кочанската дискотека. 

Притоа укажуваат дека за три лица од оние кои досега се притворени се менуваат мерките.

– Само за тројца осомничени, согласно фазата на обезбедување докази и исполнетоста на законските основи се предлага замена за мерката притвор во куќен притвор. Тоа се двајца осомничени од Државниот пазарен инспекторат и еден припадник на обезбедувањето на дискотеката – се напоменува во соопштението на Обвинителството. 

Vero

Од таму укажуваат дека поранешниот министер за економија, Крешник Бектеши не е меѓу лицата за кои се менува мерката притвор во куќен притвор. Без да објавуваат имиња, од ОЈО посочуваат само дека едниот од двете лица од ДПИ за кои се предлага промена на мерката е поранешен директор, а другиот не е. 

Од ДПИ беа уапсени тројца инспектори и двајца поранешни директори, за кои од упсените се однесува промената на мерката се уште не се открива. 

Од таму додаваат дека продолжуваат истражните дејствија во повеќе правци и во неколку институции со цел испитување на евентуална одговорност, за што јавноста ќе биде известена веднаш по донесувањето на соодветна јавнообвинителска одлука.

Agria