ПРВ.мк

Руско “Mad Max” сценарио: Руската армија го изведе најголемиот јуриш со мотори, па ги претрпе најголемите загуби

Руско “Mad Max” сценарио: Руската армија го изведе најголемиот јуриш со мотори, па ги претрпе најголемите загуби

Украинската Национална гарда одби масовен механизиран напад на руските сили кај Покровск

Украинската Национална гарда соопшти дека успешно го одбила еден од најголемите руски напади на фронтот кај Покровск, при што, според украинските извори, биле употребени и мотоцикли – сцена која, како што опишуваат, наликувала на филм од серијалот „Лудиот Макс“.

Нападот започнал во четвртокот и траел нешто повеќе од седум часа. Во тој период, според податоците на Гарда, руските сили губеле во просек до 40 пешадијци, 13 мотоцикли и 3 оклопни возила секој час.

Според изјавата на бригадниот генерал Олександр Пивненко, командант на Националната гарда на Украина, нападот бил успешно спречен од страна на 14. бригада „Червона Калина“. Тој информира дека украинските сили на 17 април успеале да нанесат значителни загуби – повеќе од 240 руски војници се убиени или ранети, а уништени се над сто единици воена техника.

Vero

Овој напад се случува во контекст на засилени руски операции на источниот фронт на Украина, каде последниве недели се бележат секојдневни офанзивни активности со големи загуби од двете страни.

Agria