ПРВ.мк

Голема трагедија вечерва во Македонија, три лица загинале, осум се повредени

Голема трагедија вечерва во Македонија, три лица загинале, осум се повредени

Вечерва пред 21 часот, во Одделението за внатрешни работи во Кичево било пријавено дека се случила тешка сообраќајна незгода на патот Кичево-Гостивар.

Во сообраќајката која се случила помеѓу градот Кичево и селото Трапчин Дол учествувале три возила. 

Според првичните неофицијални информации три лица починале како последица на добиените повреди, а осум лица се повредени.

Дел од повредените се пренесуваат во болницата во Кичево а дел во Клинички центар Мајка Тереза во Скопје. 

Vero

Поради тешката несреќа сообраќајот е во прекин во двата правци за сите видови возила.

Agria