ПРВ.мк
Македонија

Дрвокрадци фатени со четири возила, пожарите беснеат низ цела Македонија

Дрвокрадци фатени со четири возила, пожарите беснеат низ цела Македонија

Заменик-директорот на ЈП „Македонски шуми“, Кире Михаилов, информира дека денеска во скопскиот регион се откриени четири моторни возила натоварени со нелегално посечени огревни дрва, без жиг и со непостоечка документација.

„На планината Китка беа фатени три возила со нелегално исечени дрва. Иако е празничен ден, институциите, особено Министерството за внатрешни работи, беа на висина на задачата“, напиша Михаилов.

Покрај дрвокрадците, денот го одбележаа и бројни пожари. Според него, на територијата на Македонија се регистрирани 27 пожари, од кои повеќе прераснале во големи и опасни. Најкритичен е пожарот кај селото Церово во општина Желино, кој се шири кон Карпалак и кон територијата на Скопје.

Пожар се случи и во Гостивар, кој брзо беше ставен под контрола, додека активни пожари има и во општините Дебарца, Врапчиште, Могила и Прилеп.

„Службите се на терен и остануваме посветени на надминување на сите предизвици со кои се соочуваме“, порача Михаилов.

Escape