ПРВ.мк
Македонија

Дрвокрадци намерно удрија во службено возило – никој не очекуваше што ќе открие увидот!

Дрвокрадци намерно удрија во службено возило – никој не очекуваше што ќе открие увидот!
Kristal

Во Прилеп повторно се повтори добро познатото сценарио со дрвокрадци кои не се двоумат да ризикуваат живот само за да избегаат од законот. Според информациите што ги објави заменик-директорот на ЈП „Национални шуми“, Кире Михаилов, група дрвокрадци намерно се забила со своето возило во службен автомобил на Шумската полиција, обидувајќи се да спречат интервенција и да избегаат со нелегално исеченото дрво.

На самото место веднаш биле приведени две лица, додека по уште две – кои им се добро познати на службите – интензивно се трага. Службениците ја одзеле дрвната маса и возилата користени за транспорт, а сè е предадено во ПШС „Црн Бор“ – Прилеп.

Инцидентот се случил доцна навечер, а увидна екипа на МВР извршила детално фотографирање и документација на штетата и доказите, сè со цел точно да се утврди начинот на кој бил изведен овој опасен чин.

Според Михаилов, станува збор за дрвокрадци кои одамна се водат како рецидивисти и за кои веќе има поднесено повеќе пријави поврзани со незаконска сеча. Тој истакнува дека борбата против дрвокрадството нема да запре и дека институциите нема да дозволат ваквите групи да ја уништуваат националната шумска површина без последици.

Escape