ПРВ.мк
Македонија

Дојави за бомби го кренаа Скопје на нозе – полицијата повторно на терен!

Дојави за бомби го кренаа Скопје на нозе – полицијата повторно на терен!
Kristal

Утрово три објекти во Скопје – две приватни училишта и еден музеј – добиле електронски пораки во кои се тврдело дека е поставена експлозивна направа. Полицијата реагирала веднаш, а по деталните проверки утврдено е дека станува збор за уште една лажна дојава.

Учениците, посетителите и вработените биле безбедно евакуирани додека траеле проверките, и во ниту еден момент не биле изложени на ризик. Надлежните служби преземаат мерки за откривање на испраќачот на заканите.

Ова е само продолжение на серијата слични случаи – пред два дена лажна дојава за бомба беше испратена и за време на концерт во СЦ „Јане Сандански“.

Полицијата апелира дека ваквите постапки се кривично дело и ќе бидат санкционирани.

Escape