Во рамките на богатата програма на „Кавадаречко културно лето 2026“, вечерва Кавадарци ќе биде центар на детската радост и фантазија. Најмладите кавадарчани, но и сите љубители на пишаниот збор и театарот, ќе имаат можност да уживаат во детската претстава „Приказната за шумскиот мудрец“.
Настанот ќе се одржи вечерва (понеделник), со почеток во 21:00 часот, на Градскиот плоштад во Кавадарци.
Организаторите најавуваат прекрасна летна вечер исполнета со магија, бајковити моменти и силни поучни пораки за најмладите. Сите граѓани се поканети заедно да уживаат во уште една волшебна вечер од културното лето во Кавадарци.





