ПРВ.мк

Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод 24 Мај, Денот на сесловенските просветители светите браќа Кирил и Методиј

Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод 24 Мај, Денот на сесловенските просветители светите браќа Кирил и Методиј
Vero

Претседателката Сиљановска-Давкова упати честитка по повод 24 Мај – Денот на сесловенските просветители, светите браќа Кирил и Методиј:

“Почитувани сограѓани,

Дозволете ми од срце да ви изразам искрени честитки по повод 24 Мај, денот кога го славиме споменот на Светите рамноапостоли Кирил и Методиј – сесловенски просветители, заштитници на Европа, браќа и учители.

Овој ден е силен потсетник за трајната вредност на нивната мисија – вредност чии корени лежат длабоко во културата, знаењето и духовната сплотеност. Светите Кирил и Методиј ни ја подарија не само глаголицата, туку со неа изградија силен сесловенски културен и цивилизациски темел што продолжува да го потпира нашиот идентитет и до ден денес. Преку нивната посветеност и визија, го отворија патот кон писменоста и учењето на сопствен јазик – дар што омоќни многу генерации и го зачува нашиот глас низ вековите.

Да го чествуваме и чуваме нивниот спомен преку негувањето на вредностите коишто тие ги отелотворија: мудрост, вера, образование и обединетост. Славејќи ги нивните дела, да ја зацврснеме нашата заложба за градење на општество засновано врз знаење, меѓусебно почитување и достоинство.

Нека овој ден нè поттикне и понатаму да се гордееме со нашето културно и духовно наследство, да го чуваме, збогатиме и да им го предадеме на идните генерации изворот на знаењето што ни го дале нам нашите предци, а ним Светите Кирил и Методиј – секогаш чист, секогаш постојан, вечно жив!” стои во честитката на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран