ПРВ.мк
Македонија

Општина Бутел добива четири нови асфалтирани улици и водоводна мрежа од околу 610 метри

Општина Бутел добива четири нови асфалтирани улици и водоводна мрежа од околу 610 метри
Kristal

Општина Бутел продолжува со целосна реконструкција и асфалтирање на улиците во сите населени места, со цел подобрување на инфраструктурата и секојдневните услови за граѓаните.

Како што информира градоначалникот Дарко Костовски, во населеното место Бел Камен во тек е асфалтирање на четири улици, со што жителите ќе добијат побезбеден и поквалитетен пристап до домовите.

Паралелно со асфалтирањето, во соработка со Град Скопје е поставена и нова водоводна мрежа во должина од околу 610 метри. Со овој зафат се обезбедува поквалитетно водоснабдување и непречен проток на чиста вода за пиење до домаќинствата.

Од општината посочуваат дека ваквите инфраструктурни интервенции се насочени кон надминување на долгогодишни проблеми и создавање подобри услови за живот. Воедно, нагласуваат дека инвестициите се распределуваат рамномерно, со порака дека нема заборавени населени места во Општина Бутел.

SWM
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo