ПРВ.мк
Свет

Удар врз срцето на иранскиот гас: Израел нападна клучен енергетски објект

Удар врз срцето на иранскиот гас: Израел нападна клучен енергетски објект
Kristal

Израелските воздухопловни сили извршиле напад врз иранска гасна инфраструктура на југот од земјата, а како цел бил посочен најголемиот објект за преработка на гас во покраината Бушер, пренесуваат медиумите во регионот.

Според иранската државна телевизија, погодени биле делови од гасните постројки во Специјалната економска енергетска зона Јужен Парс во Асалује. Во соопштението се наведува дека на местото веднаш биле испратени противпожарни екипи за да го локализираат пожарот и да спречат поголема штета.

Јужен Парс важи за едно од најзначајните енергетски подрачја за Иран, бидејќи станува збор за најголемата позната резерва на природен гас во светот, која земјата ја дели со Катар. Ова поле има огромно значење за иранската економија и енергетска стабилност, со оглед на тоа што обезбедува околу 70 проценти од домашното снабдување со природен гас.

Иран го развива својот дел од ова гасно поле уште од крајот на 1990-тите, а напад врз ваков стратешки објект дополнително ја зголемува загриженоста за можна поширока ескалација.

Ова не е првпат Јужен Парс да биде цел на израелски напади. Според информациите, и во текот на дванаесетдневната војна во јуни минатата година биле извршени удари врз ирански објекти поврзани со ова поле.

SWM
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo