ПРВ.мк
Македонија

Акциска контрола во Тетово: Уапсена жена поради сомнение за посредување при проституција

Акциска контрола во Тетово: Уапсена жена поради сомнение за посредување при проституција

Во координирана акција на полицијата и инспекциските служби, вчера од 12:00 до 14:00 часот беше спроведена акциска контрола во неколку угостителски објекти во Тетово, поради сомнение за посредување при вршење проституција.

Контролата ја спроведоа полициски службеници од СВР Тетово во содејство со Државната пазарна инспекција, Управата за јавни приходи и Државната трудова инспекција.

Во угостителски објект на улицата „Јане Сандански“ била затекната 41-годишната Г.Ш. од село Бојане, скопско, за која постојат основани сомневања дека сторила кривично дело по член 191 од Кривичниот законик. Таа е лишена од слобода и задржана во полициска станица.

Во истиот објект бил присутен и управителот, 59-годишниот Г.Н. од Тетово. Од двете лица се одземени мобилни телефони како доказен материјал.

Случајот е во фаза на документирање, по што ќе следи соодветна кривична пријава.

Escape