ПРВ.мк
Македонија

Повторно активен системот за закажување термин за лична карта, пасош и возачка дозвола

Повторно активен системот за закажување термин за лична карта, пасош и возачка дозвола
Escape

Министерството за дигитална трансформација информира дека повторно е достапен системот за онлајн закажување термин за издавање лични документи преку националниот портал за е-услуги uslugi.gov.mk.

Од сега граѓаните можат:

  • Да закажат термин за нова лична карта
  • Да аплицираат за нов пасош
  • Да поднесат барање за возачка дозвола

Сè што ви треба е мобилен телефон, компјутер или таблет и неколку минути слободно време. Нема потреба од гужви, чекање пред шалтери или долги редици.

Ова е дел од заложбата на државата за поефикасна и поедноставена јавна администрација. Со дигитализацијата, услугите стануваат подостапни за сите граѓани, без оглед каде се наоѓаат.

Закажи си термин уште денес на uslugi.gov.mk и заборави на чекањето!

Mia Home Mavrovo