ПРВ.мк
Македонија

Отворени разговори за лекување: Како заедно да ја пребродиме загубата и да најдеме утеха - сè е објаснето подолу

Отворени разговори за лекување: Како заедно да ја пребродиме загубата и да најдеме утеха - сè е објаснето подолу
Kristal

По трагичниот пожар во Кочани, кој остави длабоки траги во заедницата, започнува иницијатива за создавање безбеден простор за споделување, слушање и лекување.

Во рамки на активностите „Простор за поддршка“, Психолошкиот Центар Алтернатива, со поддршка од ДМ Македонија, организира серија отворени, разговорни и психоедукативни средби.

Средбите ги водат системски и семејни советници/психотерапевти, експерти од областа на загуби, траума и менталното здравје од Психолошкиот Центар Алтернатива.

📅 Распоред и теми на средбите:

  1. Среда, 17 септември 2025 🧭 „Да се препознаам во загубата“ – фази на жалење, лични доживувања и траума
  2. Среда, 15 октомври 2025 🧠 „Кога тагата не поминува“ – како да препознаеме хронична болка
  3. Среда, 12 ноември 2025 💫 „Заедно низ загубата“ – моќта на ритуалите и симболите
  4. Среда, 17 декември 2025 🤝 „Заедница што лекува“ – поддршка, солидарност и емпатија

📍 Локација:

Кочани (точната адреса ќе биде потврдена наскоро) 🕕 Време: 18:00 – 19:30 (влез од 18:00, почеток во 18:30)

👥 Отворено за сите од Кочани и пошироката заедница – за секој што сака да сподели, слушне, побара или понуди поддршка.

Средбите се разговорни и топли, без осуда и формалности – простор за споделување, емпатија и човечка поврзаност.

📲 Потврда за учество: 078 313 306 (Кристина)

📢 Споделете ја поканата со сите во Кочани и околината кои имаат потреба или желба да присуствуваат. Секој глас заслужува да биде чуен, секоја приказна е важна.

Да не дозволиме болката да се претвори во долгогодишна тишина – да се поддржиме едни со други во процесот на заздравување.

Escape