ПРВ.мк
Македонија

Ноќна потера во Штип, мопедисти во судар со возило - Ова се деталите

Ноќна потера во Штип, мопедисти во судар со возило - Ова се деталите
Kristal

Вчеравечер во штипската населба Сењак се случи драматична сообраќајна незгода во која учествуваа две лица на мопед, откако се обиделе да избегнат полициска контрола.

Според првичните информации, мопедистите не застанале на знак од полицијата, по што се дале во бегство низ улиците на Сењак. Но, во обид да избегаат, изгубиле контрола врз мопедот и се судриле со патничко возило.

На местото на несреќата веднаш пристигнале полициски екипи, кои спровеле увид и собирале докази за целосно расчистување на случајот, пренесува ТВ Стар.

Засега нема официјална потврда за евентуални повредени лица, но истрагата продолжува за да се утврдат сите околности под кои се случил овој инцидент.

Escape