ПРВ.мк
Македонија

ТППЕ Кавадарци спречи ширење на пожар - Изгаснат пожарот кај фудбалското игралиште во Ваташа

ТППЕ Кавадарци спречи ширење на пожар - Изгаснат пожарот кај фудбалското игралиште во Ваташа

Пожарот што избувна во близина на фудбалското игралиште во селото Ваташа е локализиран и целосно изгаснат, информираат од надлежните служби.

Огнот зафатил сува трева, грмушки и напуштени лозови насади, при што постоела опасност пожарот да се прошири кон околните површини и имоти. Благодарение на брзата и навремена интервенција на Територијалната противпожарна единица Кавадарци, пожарот бил ставен под контрола пред да предизвика поголема штета.

На терен интервенирале две противпожарни екипи, кои успеале да го спречат понатамошното ширење на огнот. Во гаснењето активно се вклучиле и локални жители, кои заедно со пожарникарите дале значителен придонес во справувањето со пожарот и заштитата на околните имоти.

Од надлежните повторно апелираат до граѓаните да бидат внимателни, особено во периодот на високи температури и сува вегетација, кога ризикот од избувнување и брзо ширење на пожари е значително зголемен.

Пожарот е целосно изгаснат, а со навремената интервенција е спречена поголема опасност за селото Ваташа и околните површини.