Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, на прес-конференција по вториот круг од локалните избори изјави дека не планира да поднесе оставка од функцијата претседател на партијата. Сепак, потврди дека Ана Чупеска поднела оставка од позицијата потпретседателка на СДСМ.
Поради лошите резултати на изборите, оставка поднел и кандидатот за градоначалник на општина Ѓорче Петров, Костадин Ацевски, кој е и претседател на општинската организација на партијата.
Ацевски повика оставка да поднесе и целото раководство на СДСМ, нагласувајќи дека поразот на изборите бара сериозен пресврт и обнова на партиската стратегија.

















