ПРВ.мк
Македонија

МАКЕДОНИЈА ЗАДОЛЖЕНА ЗА НОВИ ПОЛА МИЛИОН ЕВРА - еве за што станува збор

МАКЕДОНИЈА ЗАДОЛЖЕНА ЗА НОВИ ПОЛА МИЛИОН ЕВРА - еве за што станува збор
Kristal

Министерството за финансии постигна импресивен успех со издавањето на својата 10-та еврообврзница, со двете транши по 500 милиони евра – едната со рок на достасување од 4 години, а другата од 8 години. Веќе само еден час по објавувањето, побарувачката од инвеститорите достигна дури две милијарди евра, со учество на еминентни институционални инвеститори од САД, Германија и Велика Британија. По отворањето на американскиот пазар, интересот се зголеми на повеќе од четири милијарди евра, што ја потврдува силната доверба во економските политики и стабилноста на земјата.

Вкупно над 150 глобални инвеститори изразија интерес да ја поддржат државата, што е доказ за стратегиската фискална политика на Министерството за финансии. Каматните стапки се конкурентни: 3,875 % за четиригодишната транша и 4,750 % за осумгодишната, најблиску до референтната вредност на Еурибор за издавањата од последните две децении.

Стратешкиот момент на издавање и внимателната структура на задолжувањето овозможија намалување на приносите и привлечија најеминентни меѓународни инвеститори. Овој успех исто така обезбедува средства за исплата на стара обврзница од 2020 година и финансирање на развојни проекти во Буџетот за 2026 година.

Министерството нагласува дека посветеноста на транспарентноста и стабилноста ги зацврстува позициите на земјата на меѓународните финансиски пазари. Со ова издавање, Македонија стана првата земја во регионот надвор од ЕУ која излезе на меѓународниот пазар на капитал, што јасно покажува доверба во реформските планови на Владата.

FixCredit
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo