Во последните денови од администрацијата на поранешниот американски претседател Бајден, Пентагон тајно набавил уред за кој некои истражители веруваат дека може да предизвика симптоми познати како „Хавана синдром“ – несоница, губење на меморијата, проблеми со слухот и вртоглавица. Уредот, кој содржи некои руски компоненти, бил купен преку буџетот на Министерството за одбрана и тестирал повеќе од една година, а неговата вредност се проценува на „осумцифрена сума“.
Првите случаи на „Хавана синдром“ се појавија кон крајот на 2016 година кај американски дипломати и нивни семејства во Хавана, со слични симптоми. Повеќето разузнавачки служби веруваат дека е малку веројатно странски противник да е одговорен, а Русија негира каква било вмешаност.
Темата е исто така објавена и во документарната серија „Havana Syndrome: America Under Threat“, која преку интервјуа, сведоштва и истражувања се обидува да ги открие мистериозните инциденти што од 2016 година ги погодиле стотици американски службеници ширум светот.

















