ПРВ.мк
Магазин

(ВИДЕО) Жена со седум докторати, седум деца и светски признат стил - запознајте ја сопругата на катарскиот емират!

(ВИДЕО) Жена со седум докторати, седум деца и светски признат стил - запознајте ја сопругата на катарскиот емират!

Елеганција, образование и семејство – ова е животот на Шејха Моза бинт Насер, сопругата на катарскиот емир. Таа е мајка на седум деца – пет синови и две ќерки – и една од трите сопруги на владетелот на Катар, со кого е во брак од 1977 година, кога имала 18 години.

Моза дипломирала социологија девет години по бракот и активно ја применува својата стручност во многу организации, вклучувајќи ја Арапската демократска организација и Организацијата за образование, наука и развој на општеството. Таа е значајна и во работата на „Фондацијата Катар“, која го реализира проектот „Град на образованието“ и донесе американски факултети во земјата.

Нејзиниот труд за образование се проширил и на Газа, каде помогнала во изградба на низа образовни институции, а светската јавност ја препозна со седум почесни докторати.

Моза е позната и по беспрекорниот стил, кој ѝ донел признанија од „Вог“ и „Венити Фер“, а модните куќи како „Шанел“, „Живанши“ и „Диор“ се нејзини омилени. Нивната облека често достигнува вредност меѓу 20.000 и 30.000 долари, а специјални парчиња за неа чинат и до 100.000 долари.

Син ѝ Тамим, иако не е првороден, е прогласен за престолонаследник и ја носи титулата емир, додека Моза останува една од највлијателните и најстилски облечени жени во светот.

ВИДЕО

Escape