ПРВ.мк
Магазин

ЕУ подарува авантура од соништата: 40.000 млади ќе одат на бесплатно патување!

ЕУ подарува авантура од соништата: 40.000 млади ќе одат на бесплатно патување!

По повод 40 години од создавањето на Шенген зоната, Европската Унија ја отвори највозбудливата шанса за младите досега – 40.000 бесплатни патувачки билети преку програмата „Откриј ја ЕУ“. Оваа иницијатива им овозможува на 18-годишниците од цела Европа, меѓу кои и младите од Македонија, да тргнат на патување низ 36 европски земји, целосно бесплатно!

Портпаролката на Европската комисија, Ана-Кајза Итконен, соопшти дека апликациите веќе се отворени на Европскиот младински портал, а младите родени меѓу 1 јануари и 31 декември 2007 година можат да се пријават со пополнување на краток онлајн квиз. Конкурсот ќе биде отворен до 13 ноември 2025 година во 12 часот.

„Избраните кандидати ќе добијат билет што им овозможува да патуваат до 30 дена во периодот од 1 март 2026 до 31 мај 2027 година. Покрај тоа, ќе добијат и картичка за попусти за јавен превоз, сместување, храна, културни активности, спорт и други услуги низ Европа“, истакна Итконен.

Добитниците ќе имаат целосна слобода да планираат сопствена рута или да изберат една од организираните европски тури, како што е рутата на програмата „Баухаус“, која вклучува посети на „прекрасни, одржливи и инклузивни градови“, или патувањето низ градовите што ја освоиле титулата „Европска зелена престолнина“.

За младите со попреченост или здравствени предизвици, ЕУ ќе обезбеди можност на патувањето да бидат придружувани од блиско лице, за сите да можат рамноправно да ја доживеат авантурата.

Од почетокот на оваа програма во 2018 година, повеќе од 391.000 млади веќе ја искусиле магијата на патувањето низ континентот, запознавајќи нови култури, пријателства и јазици, и создавајќи спомени што траат цел живот.

Оваа нова рунда на билети не е само подарок – тоа е врата кон слободата, откривање на Европа и создавање на нова генерација патници кои ќе ја чувствуваат Европа како свој заеднички дом.

Не дознавај последен - читај ПРВ.мк

Escape

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape
DIK