Кануистот Курц Адамс Розенталс доби двегодишна суспензија поради експлицитно видео што се споделува на социјалните мрежи. Видеото, направено во авион, било оценето од дисциплинската комисија како „непристојно, навредливо и неморално однесување“ и како „сериозна штета за угледот на спортот“.
Розенталс заработувал преку платформата „OnlyFans“, а приходот му помогнал да го продолжи тренингот и да се подготви за Олимписките игри. Сепак, поради суспензијата, нема да може да учествува на претстојниот натпревар.
Спортистот истакнал дека забраната би можела да се избегне со подобро финансирање на спортистите и дека не се кае за објавеното видео, бидејќи му помогнало финансиски и му го сменило животот.
















