ПРВ.мк
Магазин

ВЕШТАЧКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ОТКРИВА 160 БОЛЕСТИ ДОДЕКА СПИЕТЕ - ЕВЕ КАКО

ВЕШТАЧКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ОТКРИВА 160 БОЛЕСТИ ДОДЕКА СПИЕТЕ - ЕВЕ КАКО
Kristal

Само една ноќ помината во лабораторија за спиење може да открие многу повеќе отколку што се мислеше досега. Нов модел на вештачка интелигенција е способен да процени ризик од над 130 различни болести – од невролошки нарушувања до срцеви и онколошки заболувања – анализирајќи податоци собрани додека човек спие.

Ова откритие доаѓа од истражување објавено во научното списание Nature Medicine, а моделот, наречен SleepFM, е развиен од научници од Универзитетот Стенфорд. Тој е обучен со огромна база на податоци од полисомнографија – детални мерења на мозочна активност, срцев ритам, дишење, движења и мускулен тонус за време на сон.

Откако „го научил јазикот на спиењето“, моделот бил поврзан со здравствени податоци што опфаќаат период и до 25 години. Анализите покажале дека одредени обрасци во сонот можат да укажат на зголемен ризик од Паркинсонова болест, деменција, срцев удар, срцева слабост, па дури и одредени видови рак.

Особено интересни се ситуациите кога различни телесни сигнали не се „синхронизирани“ – на пример, мозокот покажува длабок сон, а срцето реагира како телото да е будно. Таквите несогласувања можат да бидат рани предупредувања за скриени здравствени проблеми.

Иако резултатите се импресивни, научниците нагласуваат дека ВИ не поставува дијагнози, туку открива статистички врски. Улогата на лекарите останува клучна – технологијата служи како алатка за побрза и попрецизна проценка, а не како замена за медицинската експертиза.

FixCredit
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo