ПРВ.мк

Три намирници кои го зголемуваат ризикот од мозочен удар, а ги консумирате секојдневно

Три намирници кои го зголемуваат ризикот од мозочен удар, а ги консумирате секојдневно
Vero

Мозочниот удар претставува една од најсериозните здравствени кризи, со потенцијално фатални последици. Настанува кога се прекинува дотокот на крв во мозокот – најчесто поради затнат крвен сад или пукање на садот, што предизвикува крварење во мозочното ткиво.

Лекарите предупредуваат дека најголемиот број ризични фактори се поврзани со начинот на живот – и можат да се контролираат.

Меѓу најчестите ризици се: висок крвен притисок, покачено ниво на шеќер и масти во крвта, срцеви заболувања, аритмија, пушење, прекумерна консумација на алкохол и нездрава исхрана.

Исхраната како клучен фактор за превенција

Доктор Џонатан Зајлингер, експерт за кардиоваскуларно здравје, посочува дека некои намирници значително го зголемуваат ризикот од мозочен удар, особено кај лица кои веќе имаат предиспозиции.

Според него, три намирници треба строго да се избегнуваат:

преработено месо,

индустриски колачи и кекси,

пржена храна.

„Овие производи се богати со заситени и транс масти, кои директно придонесуваат за создавање масни наслаги во артериите. Со тоа се зголемува ризикот од нивно затнување, што може да резултира со мозочен удар“, објаснува д-р Зајлингер за Express.uk.

Дополнително, високиот внес на сол и шеќер исто така претставува сериозна закана. Солта го покачува крвниот притисок, додека шеќерот е поврзан со дебелина и тип 2 дијабетес – состојби кои го оштетуваат васкуларниот систем и предизвикуваат воспалителни процеси.

Препорака: Пет порции овошје и зеленчук дневно

Како превентивна мерка, д-р Зајлингер советува редовен внес на најмалку пет порции овошје и зеленчук дневно. Истражувањата покажуваат дека оваа навика значително го намалува ризикот од мозочен удар.

„Овошјето и зеленчукот се богати со антиоксиданси кои ги штитат артериите, а растителните влакна придонесуваат за намалување на холестеролот во телото“, заклучува тој.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран