ПРВ.мк
Магазин

Трагедија, карма или судбина? Тоше, Андреј и Панчо си ја отпеаја последната песна пред да заминат

Трагедија, карма или судбина? Тоше, Андреј и Панчо си ја отпеаја последната песна пред да заминат

18 години од смртта на Тоше Проески, ден што со секоја наредна година станува сѐ потежок. Но денес болката е уште поголема – на истиот датум, 16 октомври, во вечноста беше испратен и Панчо од „ДНК“, човек со огромно срце, хуманист и музичар што остави длабок траг. А пред тоа, се збогувавме и со Андреј Ѓорѓиевски, другата половина на истата група, која ни подари толку многу емоции и вистински хитови што сега звучат како запечатена судбина.

Сите тројца беа повеќе од музичари – беа глас на добрината, симбол на човечноста, луѓе чие присуство ја менуваше енергијата во просторијата. И сега, кога нивните песни повторно одекнуваат – тие звучат поинаку. Болно точно. Како да ја предвидоа сопствената судбина.

Нивните фанови, блиските, но и обичните луѓе не можат да најдат зборови. Само прашања.Зошто? Зошто добрите секогаш први заминуваат?Каква судбина или карма нѐ следи, кога ги губиме најдобрите токму кога најмногу ни требаат?

Тоше, чиј живот заврши трагично во сообраќајна несреќа во 2007 година, беше човек кој не пееше за слава, туку за душа. Остана запаметен како хуманист кој ги живееше своите зборови, кој прегрнуваше со песна и со тишина. Песните што ги остави зад себе се вечно писмо до сите што веруваат во добрината.

Андреј, кој ненадејно нѐ напушти пред неколку месеци, беше душата на многу емоционални текстови, продуцент, пријател, брат. А Панчо, кој ни беше симбол на искреност, на улична поезија, на еден свет во кој љубовта е директна, остра, но вистинска – замина како да си ја пеел последната строфа.

Судбината сакаше нивните животи да се испреплетат и во музиката, и во добрината, и во вечноста. И токму денес, кога болката од загубата се враќа поради Тоше, истата таа болка се удвојува со заминувањето на Панчо.

Тројца музичари, тројца хуманисти, тројца пријатели. Тројца чии песни сега звучат како опомена, како молитва, како крвава поезија напишана со срце.

Остана само тишина и прашање што не знае да застане:„Зошто вака?“

Escape