Потребни состојки:
2,5-3 кг листови од кисела зелка
800 г јунешко месо
200 г свинско мелено месо
150 г чадена сланина
400 г ориз
2-3 средни главици кромид
100 мл масло за готвење
1 лажичка сол
Црн пипер по вкус
Магдонос по вкус
3 лажички црвен пипер
7-8 лаворови ливчиња
Начин на подготовка:
Исецкајте го кромидот и пржете го во масло додека не стане златно-црвен.
Додајте го меленото месо и сланината, претходно исецкана на мали парчиња. Пржете ги заедно.
Ставете го оризот и пржете уште малку. Зачинете со црн пипер, црвен пипер и сол по вкус.
На крај, додајте магдонос.
Свиткајте ги сармите и наредете ги во длабоко тенџере, помеѓу нив ставете лаворови ливчиња.
Прелијте ги со врела вода и покријте со капак или алуминиумска фолија.
Варете ги на тивок оган најмалку 2 часа.
Сармите се подготвени за сервирање!