Скопските пожарникари изгаснале пожар кој избил во возило во скопско Визбегово, информираше Министерството за внатрешни работи. Повредени лица нема.
„На 30.03.2025 во 03.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека во с.Визбегово, скопско, било опожарено во патничко возило „цитроен” со скопски регистарски ознаки, сопственост на Е.И.(69) од Скопје“, се вели во полицискиот билтен.