Правите голема грешка ако утро по станувањето веднаш помислите на шоља кафе. Зошто е тоа така?
Додека спиеме, нашето тело губи значителна количина течности, а не внесуваме нови. Затоа често се чувствуваме жедни кога ќе се разбудиме.
Кога на дехидрираното тело ќе му дадете кафе, кое е диуретик, не само што ќе го исцедите од она што останало од течностите, туку и ќе го забавите метаболизмот. Ова не е добро, особено ако се обидувате да ослабете.
За да го избегнете ова, најдобро е наутро да испиете чаша вода, да појадувате, и потоа да се напиете кафе.
Ако не можете веднаш да појадувате, пијте најпрво голема чаша вода и потоа, по 30 минути, пијте кафе.