Вински скандал кој ја потресе Франција открива поврзаност помеѓу винариите од Бургундија и Северна Македонија. Како што пренесуваат француски медиуми, некои винари од Бургундија, конкретно од Шабли и Монтраше, наместо своето вино, во бочките продавале смедеревка од Македонија.
Почетокот на овој скандал се врзува за значителниот пораст на цените на премиум виното од Бургундија, што, како што изгледа, довел до недозволени практики. Според истрагата, која беше спроведена со помош на Europol, фалсификаторите купувале вино од винаријата „Газда Ѓоко“ од Мрзенци, го одлежувале во барик буриња за да добие француски карактер и го продавале како шардоне, под етикетите на познати винари од Бургундија.
Еден од винските експерти, францускиот енолог Тел Репомаже, кој работи за една од винарии чиј сопственик е обвинет за фалсификување на вино, изјави дека македонската смедеревка може да биде одлична алтернатива за вината од Бургундија.
„Просто немаме доволно вино, а никој не се занимава со тој проблем. Разбравме дека смедеревката од Северна Македонија може да биде феноменална алтернатива. Тераоарите таму се неверојатни, со висока минералност и салинитет. Како да одолиме, особено по таква цена?“ – истакнал Репомаже.
Сопственикот на винаријата во Северна Македонија, Ѓоко Трепски, бил во шок кога дознал дека неговото вино се продава за над 250 евра по бочка, додека тој го продавал за само 50 евроценти.
Овој скандал открива сериозни проблеми во винската индустрија, но и неочекувани врски помеѓу винариите од Франција и Балканот, кои можат да имаат сериозни последици за довербата во оригиналните вина од Бургундија.