Традиционалната метода на фарбање јајца со лушпа од кромид може да се надогради со помош на неколку состојки што веќе ги имате дома.
При фарбањето јајца за Велигден, многу домаќинки се одлучуваат да ги бојат јајцата на традиционален начин, користејќи различни билки.
Една од најчесто користените методи е фарбањето со помош на лушпа од кромид. Лукот дава специфична боја на јајцата и може да се користи за целосно фарбање на јајцата или само за фарбање на делови од нив.
Состојки:
Лушпи од 2-3 различни сорти на кромид (најдобро црн, златен и виолетов)
Најлонски чорапи во кои ќе ги варите јајцата
Бојa за храна или јајца по избор
1 лажица сол
2 лажици оцет
Масло за премачкување
Подготовка:
Лушпите од кромидот исецкајте ги на ситни листови и измешајте ги во една чинија.
Најлонските чорапи исечете ги на помали делови во кои ќе можете да ставите јајце. Прво натопете ги јајцата, па потоа ставете ги во лушпите од кромид.
Кога јајцето со лушпите ќе го обвиете во делот од чорапата, осигурајте ги краевите со конец за да не се отвори.
Во тенџере со вода додадете една лажица сол, две лажици оцет и боја за храна/колачи. Јајцата варете ги десет минути во оваа вода.
По варењето, отстранете ја чорапата и премачкајте ги јајцата со масло за сјај.